Израелската армија за 330 дена уби 40.691 Палестинец во Газа

August 31, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Во последните 48 часа израелската армија уби 89 Палестинци и рани 205 во Појасот Газа, известува Анадолу.

Во соопштението, Министерството за здравство во Газа објави информации за израелските напади врз Појасот Газа во изминатите 330 дена.

Се додава дека во пет масакри на израелската армија во појасот Газа во последните 48 часа се убиени 89 лица, а 205 се повредени.

Со последните убиства бројката на Палестинци што ги загубија животите во израелските напади од 7 октомври 2023 година се зголеми на 40.691, а бројот на повредени изнесува 94.060.

Телата на голем број Палестинци се заробени под урнатините и на патиштата, но екипите на теренот не можат да стигнат до нив.

Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива со неселективно бомбардирање и гранатирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници во Газа од 7 октомври 2023 година.

По повеќе од десет месеци од почетокот на израелските напади врз палестинската енклава, населението на Појасот Газа внатрешно е раселено, предизвикувајќи акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата најнова одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од милион раселени Палестинци побараа засолниште.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милатовиќ: Целта на Црна Гора е до 2028 година да стане 28 членка на ЕУ

Следно

МАКЕДОНИЈА ИМА СО ШТО ДА СЕ ГОРДЕЕ: Мировски и Димовска светски шампиони во кик бокс во јуниорска категорија

Latest from Blog

Пред крајот на годината: Масар Омерагиќ за успесите и проблемите во македонскиот фудбал

Вечерва во 19:00 часот на официјалните Facebook и YouTube платформи на Фудбалската федерација на Македонија се емитува новогодишното издание на Podcast „Куќа на фудбалот“, во кое гостува претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

ВЕ БОЛАТ КОЛЕНАТА И КОСКИТЕ? Вклучете го ова во исхраната и зглобовите ќе бидат како „подмачкани“

Правилната исхрана богата со специфични нутриенти може да игра клучна улога во зачувувањето и можната регенерација на ’рскавицата, како и во долгорочното здравје на зглобовите. Болките во зглобовите и колената стануваат сè
Go toTop