Израелската армија: Уште еден војник загина во Појасот Газа

February 4, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Уште еден израелски војник загина во судирите со палестинските борци на отпорот во Појасот Газа, соопшти денес израелската армија, пренесува Анадолу.

Шимон Јехошуа Асулин (24) од 924-от инженерски баталјон на Бригадата Харел на Јужната команда, загинал во судирите на југот на Појасот Газа, истакна во соопштение израелската армија.

Со тоа, бројот на загинати војници од 7 октомври се зголеми на 562, од кои 225 се загинати од почетокот на копнената операција на 27 октомври.

Израел започна смртоносна офанзива во Појасот Газа на 7 октомври во која досега загинаа најмалку 27.238 Палестинци, а повредени се 66.452 по ненадејниот напад на палестинската група на отпорот, Хамас. Се смета дека во нападот на Хамас загинати се речиси 1.200 Израелци.

Израелската офанзива остави 85 отсто од населението во Газа внатрешно раселено, сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови, и 60 отсто од инфраструктурата на енклавата оштетена или уништена, според Обединетите нации.

Јужноафриканската Република во декември поднесе тужба против Израел за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.

Судот на 26 јануари го утврди за веродостојно тврдењето на Јужноафриканската Република дека Израел врши геноцид. Тој издаде привремена наредба со која се бара од Израел да престане да ја попречува испораката на помош во Газа и да ја подобри хуманитарната ситуација.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Седрик Сораиндо потпиша за Бешикташ

Следно

Трендафилов – Веќе е донесена одлука за штрајк за платите во ФЗО

Latest from Blog

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Каков е животот во најрелаксираниот град во светот?

Холандскиот град Ајндховен е прогласен за најрелаксиран град за живеење во светот. Според анкетата спроведена од компанијата за дигитални финансии „Ремитли“, овој потценет европски град е прогласен за најрелаксирано место за живеење

Мистериозна ЖЕНА ВО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop