Израелската армија уби уште тројца новинари во Газа

March 23, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Уште тројца новинари се убиени во нападите на израелската армија во Појасот Газа, известува Анадолу.

Канцеларијата за медиуми на владата во Газа соопшти дека од 7 октомври минатата година, кога Израел ги започна нападите врз Појасот Газа, убиени се 136 новинари.

Фоторепортерот Мохамед ал-Рифи, кој работеше со многу медиумски организации, починал од здобиените повреди во нападот на раскрсница во југоисточниот дел на градот Газа.

И фоторепортерот на телевизија Раками, Абдурахман Сајиме, бил убиен кога израелската армија ја бомбардирала неговата куќа во бегалскиот камп Бурејџ во централните делови на Појасот Газа.

Мохамед Имад Иса, водител на каналот Ал-Кудс’ул-Јаум, е убиен заедно со многу членови на неговото семејство како резултат на израелско бомбардирање на неговиот дом.

Во претходното соопштение на Канцеларијата за медиуми се наведува дека Израел намерно убивал новинари во Газа „за да го замолчи гласот на Палестина, да ги скрие фактите и да спречи вестите и информациите да стигнат до регионалната и меѓународната јавност“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шок и згрозеност по нападот во концертна сала близу Москва

Следно

Борел: Меѓународната заедница мора да биде цврсто обединета против тероризмот

Latest from Blog

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската

Светските лидери изразуваат сочувство по смртоносната пукотница во Канада, напаѓачот бил трансродово лице

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција „стои со канадскиот народ“. „Терор го погоди училиштето во Тамблер Риџ, Канада. Нашите мисли се со семејствата на жртвите, повредените и целата образовна заедница“, рече

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти по скратена постапка, со кој се предлага продолжување на рокот на важност

Проданоски најави нови решенија за подобар автобуски превоз во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, беше гостин во утринската емисија „Добро утро Македонијо“, каде одговараше на прашања од гледачите. Едно од нив беше автобускиот превоз во општината и поставување на нови линии
Go toTop