Израелската армија уапси 20 Палестинци на Западниот Брег

December 23, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелската армија уапси најмалку 20 Палестинци низ окупираниот Западен Брег, пренесува Анадолу.

Палестинците се приведени во Хеброн, Рамала, Ерусалим, Џенин, Калкилија и Тубас, соопшти денес Здружението на палестински затвореници и Комисијата за прашања на затворениците и поранешните затвореници на палестинската управа.

„Тие се брутално тепани за време на апсењата, а нивните домови се оштетени“, се додава оттаму.

Се истакнува дека бројот на приведени Палестинци на Западниот Брег од 7 октомври пораснал на 4.675.

Во израелските затвори има речиси 7.800 палестински затвореници, од кои 2.870 се држат во рамките на таканаречениот административен притвор, соопштија двете палестински граѓански организации на 21 декември.

Израелските сили вршат рации на голем број места на окупираниот Западен Брег.

Израелските сили извршија рации во градовите Џенин, Наблус, Ерихон, Витлеем и Хеброн, според палестинската новинска агенција ВАФА.

Има зголемени напади на израелските сили на Западниот Брег од почетокот на нападите врз Газа на 7 октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер

Следно

Најстудено во Берово, Битола и Попова Шапка

Latest from Blog

Божиновска: Поддршката од САД е значајна за реформите во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската
Go toTop