Израелската армија тврди дека убила командант на Хамас во градот Газа

April 10, 2025
1 min read

Израелската војска, која продолжува со деструктивните напади врз палестинската енклава, тврди дека убила командант на Хамас во градот Газа, пренесува Анадолу.

Во соопштението на војската се вели дека Хајтам Разек Халил е убиен, заедно со други членови на Хамас, во „прецизен напад“ во градот Газа вчера.

Армијата тврди дека Халил бил командант на баталјонот Шуџаија на Хамас и дека е одговорен за серијата напади врз израелските сили во Газа.

Нема непосредна потврда од Хамас за израелското тврдење.

Израелската армија продолжи со смртоносниот напад врз Газа на 18 март, убивајќи над 1.500 Палестинци, ранувајќи над 3.800, со што го прекрши договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што се склучи во јануари.

Над 50.800 Палестинци се убиени во Газа во бруталната израелска офанзива која започна во октомври 2023 година, од кои повеќето жени и деца.

Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судски Совет: Ферати не можел да изрече повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора Ристовска

Следно

Алкарас го освои поенот на година, па го разнесе Алтмајер во Монте Карло (ВИДЕО)

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop