Израелската Армија тврди дека примиле разузнавачки сигнали ноќта пред нападите на Хамас

October 12, 2023
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелската Армија денес соопшти дека примила разузнавачки сигнали кои укажувале на одредени подготовки ноќта пред нападите започнати од блокираниот Појас Газа, но дека немале „конкретно“ разузнавачко предупредување за таков напад, јавува Анадолу.

Одговарајќи на критиките за безбедносниот пропуст во Израел во врска со нападите што ги започна палестинската група Хамас од Газа на 7 октомври, портпаролот на израелските одбранбени сили, Даниел Хагари, рече: „Немавме конкретно разузнавачко предупредување за овој инцидент.“

„Не можевме да очекуваме таков настан. Иако ноќта пред нападите имаше одредени разузнавачки сигнали, тие не посочија на таков потег. Темелно ќе го истражиме случајот.“

„Израелските сили ги гаѓаа резиденциите и базите на елитните командоси кои припаѓаат на вооруженото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, кои беа вклучени во нападите врз израелските населби од Појасот Газа“, изјави Хагари за Анадолу.

Хагари дополнително откри дека израелската Армија презела мерки на претпазливост во очекување на можен напад од север. Ова вклучуваше распоредување војници за патролирање низ станбените области во регионот, поставување контролни пунктови и поставување стапици на теренот, со планови за дополнително засилување на војниците.

Во меѓувреме, израелската Армија издаде соопштение во кое ја потврди смртта на Мухамед Абу Шамла, висок оперативец од морнарицата на Хамас, во ноќните напади врз градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа вчера.

Над 1.200 Палестинци и 1.300 Израелци загинаа од почетокот на израелско-палестинскиот конфликт во саботата.

Во драматичната ескалација на тензиите на Блискиот Исток, израелските сили започнаа непрекината и силна воена кампања врз Појасот Газа, како одговор на воената офанзива на Хамас на израелските територии.

Конфликтот започна кога Хамас ја иницираше операцијата „Поплава Ал-Акса“ против Израел, ненадеен напад од повеќе страни, лансирање ракети и инфилтрации во Израел преку копно, море и воздух, за што Хамас рече дека е одмазда за рациите на џамијата „Ал-Акса“ во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим) и растечкото насилство на еврејските доселеници врз Палестинците.

Како одговор на акциите на Хамас, израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ против позиции на Хамас во Појасот Газа.

Одговорот на Израел се прошири во прекин на снабдувањето со вода и електрична енергија во Газа, дополнително влошувајќи ги условите за живот во областа која е под сторга опсада од 2007 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски го исквернави 11 Октомври, наместо државната, владата ја пушти партиската химна

Следно

Царинска управа: Запленети четири златни алки со вредност од 586 илјади денари

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop