Израелската армија: САД го распоредија антибалистичкиот ракетен систем ТХААД поради тензиите со Иран

October 13, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израелската војска објави дека Соединетите Американски Држави (САД) го распоредиле антибалистичкиот ракетен одбранбен систем ТХААД (THAAD) во Израел поради тензиите со Иран, пренесува Анадолу.

Израелското армиско радио го нарече потегот дел од подготовките за очекуваниот израелски одговор на неодамнешниот ирански ракетен напад.

Иако се наведува како „прво“ распоредување од ваков вид, САД најавија привремено распоредување на системот за противракетна одбрана во март 2019 година, како дел од заедничките одбранбени вежби.

Останува нејасно дали сегашното распоредување е трајно.

Израелскиот Канал 12 објави дека американските војници „за прв пат ќе управуваат“ со батериите на системот во Израел.

ТХААД, развиен од компанијата „Локхид Мартин“, е одбранбено оружје наменето за пресретнување на балистички ракети со краток и среден дострел на големи височини.

Производителот тврди дека ТХААД е единствениот американски систем дизајниран да пресретнува цели внатре и надвор од атмосферата.

Пред ТХААД, израелската противвоздушна одбрана се потпираше на три системи: „Стрела“ за ракети со долг дострел, „Давидова прачка“ за ракети од среден дострел и „Железна купола“ за ракети со краток дострел – од кои сите не успеаја да пресретнат многу ирански ракети за време на неодамнешниот напад.

Иран започна напад на 1 октомври со околу 180 ракети како одмазда за атентатите на поранешниот шеф на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, во Техеран, како и врз други цели, меѓу кои и лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, и лидерот на Револуционерната гарда, Абас Нилфорушан.

Израелската армија подоцна призна дека нападот предизвикал штета на некои воздухопловни бази, тврдејќи дека подготовките за одмазда против Техеран се во тек.

Иран ги бранеше своите акции, повикувајќи се на член 51 од Повелбата на Обединетите нации, кој го потврдува правото на земјите членки да користат сила во самоодбрана од вооружени напади.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено и по претежно суви коловози

Следно

Фудбалерите пред предизвик наречен Ерменија и заверка на првото место во групата Ц

Latest from Blog

Мароко по пенал-серијата ја исфрли Нигерија и закажа финале против Сенегал

фото: Afcon (X) Фудбалерите на Мароко остварија победа по пенал-серијата против репрезентацијата на Нигерија, откако регуларниот дел од овој полуфинален меч заврши со резултат 0:0. Во финалето, Мароко ќе се соочи со

Фото: Некој напишал навреди на ѕвездата на Трамп на Холивудската патека на славните

Фотографијата е објавена на „Reddit“ од корисникот „u/yourstruly_chris“, а објавата собрала повеќе од 109.000 гласови „за“. Корисникот, кој се претставил како Крис, изјавил за „Newsweek“ дека ја направил фотографијата на 8 јануари

Сензација во Купот на Кралот, Реал елиминиран од второлигашот Албасете

фото: RNE Deportes (X) Каква сензација во Купот на Кралот приреди второлигашот Албасете. Катастрофалниот Реал Мадрид повторно се посрамоти и доживеа неочекуван пораз од 3:2 во осминафиналето против екипата од истокот на

Трамп: САД имаат многу добри односи со Данска, но Гренланд е стратешки важен за САД

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека САД имаат „многу добри односи со Данска“, но додаде и дека Гренланд е стратешки важен за Америка. „Ни треба Гренланд. Не можам

Сезонскиот грип ја зеде првата жртва, на инфективна хоспитализирани околу 25 пациенти

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје во неделата починала пациентка со грип. На оваа клиника моментално имало хоспитализирано околу 25 пациенти со грип, од нив дел со
Go toTop