Израелската армија расели 75 отсто од Палестинците од бегалскиот камп Тулкарем на Западниот Брег

February 3, 2025
1 min read

ТУЛКАРЕМ (АА) – Израелската армија расели речиси 75 отсто од палестинските жители на бегалскиот камп Тулкарем за време на тековната воена операција на северниот дел од Западниот Брег, изјави локален официјален претставник денес, јавува Анадолу.

На 21 јануари израелската армија започна напад врз градот Џенин и неговиот бегалски камп, при што беа убиени најмалку 26 Палестинци. Подоцна офанзивата беше проширена и врз градот Тулкарем, каде што се убиени најмалку тројца Палестинци.

„Речиси 75 отсто од 15.000 жители на кампот беа присилно раселени во градот Тулкарем и соседните места“, изјави Фајсал Салама, претседател на Народниот комитет за услуги во кампот, за Анадолу.

Тој ја опиша ситуацијата во кампот Тулкарем како „екстремно тешка“.

Палестинските бегалци во кампот „живеат во ужасни услови бидејќи Израел го спречува влезот на лекови, храна и основни продукти“, објасни Салама.

Тој додаде дека израелската армија ја затворила и канцеларијата на Црвената полумесечина во кампот, лишувајќи ги Палестинците од какви било медицински услуги.

Ескалацијата на израелските напади врз Западниот Брег настана по договорот за прекин на огнот и размена на затвореници во Газа на 19 јануари, по 15-месечната израелската војна во која се убиени над 47.500 Палестинци и ја претвори енклавата во урнатини.

Од почетокот на израелската војна во Газа во октомври 2023 година беа убиени повеќе од 900 Палестинци во нападите од израелските сили и доселеници низ Западниот Брег.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски на средба со постојаниот координатор на ООН во Македонија, Рита Колумбиа

Следно

Успешно тестирана турската ракета Тајфун

Latest from Blog

ВИДЕО: Колона со камиони од синоќешната полициска акција од заплената на десетици тони марихуана

Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината вчера попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција која е поврзана со 5-те тони

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на
Go toTop