Израелската Армија приведе уште 60 Палестинци во Западниот Брег

October 31, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелската Армија денес приведе 60 Палестинци од различни области низ окупираниот Западен Брег и окупираниот Источен Кудс (Ерусалим), пренесува Анадолу.

Невладината организација „Палестинско здружение на затвореници“ соопшти дека со новите апсења бројот на Палестинци кои биле приведени од израелските сили од 7 октомври наваму се зголемил на 1.740.

Пред 7 октомври, бројот на Палестинците притворени во израелските затвори беше околу 5.200, вклучително и повеќе од 1.000 затворени според озлогласената политика на административен притвор без обвинение или судење.

Тензиите се високи низ Западниот Брег откако избувнаа новите борби на почетокот на овој месец меѓу палестинските групи и Израел во Газа.

Околу 120 Палестинци се убиени од страна на израелските сили на Западниот Брег од 7 октомври, покрај повеќе од 2.000 повредени, според палестинското Министерство за здравство.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Telekom Maqedoni ka realizuar rezultate të suksesshme në punë në kuartalin e tretë të vitit 2023

Следно

Скопјанец си го оставил кучето во напуштена фабрика без храна и вода

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред
Go toTop