Израелската армија приведе уште 16 Палестинци на Западниот Брег

August 6, 2024
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелската армија денес приведе уште 16 Палестинци во воените упади низ окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.

Приведувањата се извршени во градовите Џенин, Тубас, Калкилија, Витлеем и Хеброн, се вели во заедничката изјава на Комисијата за прашања на затворениците и Здружението на палестински затвореници.

Израелските сили ги нападнале и им се заканувале на приведените и на членовите на нивните семејства и ги уништувале нивните домови, се додава во соопштението.

Според палестинските податоци, со новите приведувања вкупниот број Палестинци од Западниот Брег кои израелската армија ги има приведено од октомври минатата година достигна 9.970, меѓу кои и оние кои се по извесен период ослободени.

Во соопштението се истакнува дека во овој број не се вклучени приведените од Појасот Газа, кој се проценува на илјадници.

Во текот на изминатите неколку години израелската армија спроведуваше редовни рации на Западниот Брег, кои ескалираа со почетокот на војната во Газа на 7 октомври 2023 година. Палестинците, исто така, беа насилно напаѓани од илегалните еврејски доселеници.

Според Министерството за здравство, оттогаш на Западниот Брег се убиени најмалку 611 Палестинци, а речиси 5.400 се повредени од оган на израелската армија на окупираната територија.

Меѓународниот суд на правдата на 19 јули ја прогласи повеќедецениската окупација на Палестина од страна на Израел за „нелегална“ и побара евакуација на сите постојни населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим (Источен Кудс).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пиши Русите се криви

Следно

Осум години од поплавите во Скопско во кои загинаа 22 лица

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Трифуновски нов организациски секретар на СДСМ

Зоран Трифуновски од Скопје е нов организациски секретар на СДСМ, откако од оваа позиција се повлече Мартин Костовски, кој претходно беше кандидат на партијата за градоначалник на Куманово дознава 24инфо. Промената доаѓа
Go toTop