Израелската Армија приведе двајца новинари на Западниот Брег

November 8, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелската Армија приведе двајца новинари на Западниот Брег утринава, јавува Анадолу.

Очевидци изјавија дека Мохамед ал Атраш и Амер Абу Арафа биле приведени откако окупаторските сили влегле и ги пребарале нивните домови во градот Хеброн.

Израелската Армија, исто така, спроведе кампања за затворање во Хеброн, Витлеем, Рамала, Наблус, Калкилија и Ерихон.

Според очевидци, силите на израелската Армија извршиле рација и во кампусот на Универзитетот „Бирзеит“.

Силите влегле во кампусот со воени возила.

Тензиите низ Западниот Брег се зголемуваат поради израелската воена офанзива на Појасот Газа.

Израел започна воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотреси од 6,7 и 7,1 степени регистрирани на отворено во Бандското Море во Индоензија

Следно

Меџити во посета на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop