Израелската Армија потврди дека извлекла тела на 5 заложници од Газа

July 25, 2024
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелската Армија денес потврди дека извлекла тела на пет заложници од Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Армијата изврши ненадеен напад во градот во понеделникот, откако издаде итна наредба за евакуација на жителите во неговите источни населби.

Оттогаш, најмалку 129 луѓе се убиени, а над 400 се повредени во областа, која претходно беше означена како „безбедна зона“ за раселените лица од страна на израелската Армија.

Во заедничкото соопштение на Армијата и домашната безбедносна служба Шин Бет се вели дека телата на заложниците биле лоцирани во Кан Јунис вчера.

Според соопштението, петтемина биле убиени за време на нападот на Хамас во јужен Израел на 7 октомври 2023 година, а нивните тела биле однесени во Газа.

Сè уште има околу 115 Израелци кои се држени во заробеништво на Хамас во Газа, според израелските медиуми.

Нема коментар од Хамас за израелската изјава. Палестинската група претходно соопшти дека околу 70 заложници биле убиени во израелските напади врз енклавата.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени повеќе од 39.100 Палестинци, главно жени и деца, а над 90.000 се повредени.

По повеќе од девет месеци од почетокот на израелскиот напад огромни делови од Газа се во урнатини, а постои блокада за храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападнат на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Имотот на пратеникот Ковачевски поголем за еден стан и куќа од имотот на премиерот Ковачевски

Следно

Женски презимиња во машки род – слобода или помодарство?

Latest from Blog

Меган Маркл и принцот Хари најавија нов проект во соработка со Нетфликс (ВИДЕО)

Војводата и војвотката од Сасекс ќе го продуцираат филмот за стриминг услугата преку нивната компанија Archewell Productions. Како што објави Deadline, 44-годишната Меган и 41-годишниот принц Хари соработуваат на проектот со продуцентката

Араухо ја „преброди“ психолошката криза

Фото: ФЦ Барселона X Роналд Араухо се опорави и се враќа на тренинзите на Барселона. Каталонските медиуми денес потврдија дека Уругваецот успеал да се опорави од психолошките проблеми и се очекува да

Трипуновски: Заклучно со вчерашниот ден досега се откупени околу 15 милиони килограми тутун

„Откупот на тутунот и оваа година се спроведува мирно“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на МРТ. „Како и минатата година,

Трипуновски: Заклучно со вчерашниот ден досега се откупени околу 15 милиони килограми тутун

„Откупот на тутунот и оваа година се спроведува мирно“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на МРТ. „Како и минатата година,
Go toTop