Израелската армија погоди над 500 цели во текот на ноќта во Појасот Газа

October 9, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелската армија денес објави дека во текот на ноќта извршила повеќе од 500 напади врз цели низ Појасот Газа, јавува Анадолу.

Израелската војска соопшти дека извршила воздушни напади и артилериски гранатирања врз повеќе од 500 цели на групите Хамас и Исламски џихад во Газа.

Израелската војска соопшти и дека меѓу 800 и 1.000 вооружени палестински борци се инфилтрирале во Израел од Газа од 7 октомври и дека влегле во повеќе од 80 точки од границата во 20 населби и 11 воени бази.

Бригадите Ал-Касам во саботата наутро започнаа сеопфатен напад врз Израел наречен „Поплава Акса“. Илјадници ракети беа истрелани од Газа кон Израел, вооружени групи навлегоа во населбите во регионот.

Групата соопшти дека нејзиниот напад бил одговор на израелските напади врз комплексот на џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен Ал-Кудс (Ерусалим) и зголеменото насилство меѓу доселениците.

Најмалку 700 Израелци, од кои 73 израелски војници, загинаа, а повеќе од 2.300 се ранети во нападите, соопшти израелското Министерство за здравство.

Израел возврати со серија воздушни напади врз Појасот Газа, при што загинаа повеќе од 430 Палестинци, а беа повредени најмалку 2.300 други.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Конкурс за новинарски текст по повод „Денот на ослободувањето на Скопје“

Следно

Разговор со Баковска и Димоски во Градската библиотека во Скопје

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop