Израелската Армија објави дека Иран започна втор бран ракетни напади врз Израел

June 23, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелската Армија објави дека Иран започнал втор бран ракетни напади врз Израел, известува Анадолу.

Во писменото соопштение објавено од израелската Армија се наведува дека се активирани сирените во многу делови од Израел поради ракетите испукани од Иран.

Армијата повика да не се напуштаат засолништата поради ракетите испукани од Иран и ги повика луѓето да останат во заштитените подрачја до понатамошно известување.

По соопштението во кое се нагласува дека системите за воздушна одбрана се обидуваат да ги блокираат ракетите, сирените биле активирани во централен Израел, особено во подрачјето на Тел Авив.

Кусо пред овој напад, израелската Армија објави дека Иран лансирал ракети врз северниот дел на Израел како нов возвратен напад.

– Конфликт што започна со интензивни напади на Израел врз Иран

На 13 јуни, Израел започна големи напади насочени врз нуклеарните постројки во различни градови во Иран, вклучувајќи го и командниот врв на Армијата.

Во нападот врз Иран беа убиени началникот на Генералштабот, генералниот командант на Револуционерната гарда, некои високи команданти и 9 нуклеарни научници.

Во соопштението објавено на 21 јуни, иранското Министерство за здравство објави дека вкупниот број цивилни жртви во нападите на Израел изнесува 430, а бројот на повредени е над 3.500.

Канцеларијата на израелскиот премиер објави дека 24 лица се убиени, а 1.272 лица се повредени во возвратните напади на иранската Армија.

Голeм број земји, првенствено Турција, го осудија Израел.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Влада: Над 9 милијарди денари за земјоделците

Следно

Погба има нов клуб

Latest from Blog

Акциите на Тесла скокнаа откако Маск потврди дека тестира беспилотно роботско такси

Акциите на „Тесла“ пораснаа за речиси 5 проценти на највисоко ниво за речиси една година откако нејзиниот сопственик Илон Маск потврди дека американскиот производител на електрични возила тестира роботско такси без монитори

Неверојатно: Невидена доминација, 96 официјални меча и исто толку победи!

ФОТО: arkadag-fk.com Неверојатно. Невидена доминација на еден клуб во својата земја, а основан е во 2023 година. Фудбалската сезона во Туркменистан, земја со 7,5 милиони жители во Централна Азија, заврши. Шампион е
Go toTop