Израелската армија нареди евакуација на Палестинците од Северна Газа кон запад

May 30, 2025
1 min read

ГРАД ГАЗА/ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската војска им нареди на Палестинците што живеат во делови на Северна Газа да се евакуираат кон запад, проширувајќи ја офанзивата кон трајна окупација на енклавата, јавува Анадолу.

Портпаролот на израелската војска, Авичај Адраи, објави мапа на платформата X со зони за евакуација во областите Ал-Ататра, Џабалија, Шуџаја, Дараџ и Зејтун.

Тој истакна дека воените операции во овие области ќе се интензивираат и ги повика жителите веднаш да заминат.

Претходно израелската војска го објави почетокот на копнениот напад со име „Операција Гидеонови кочии“, кој сигнализира трајна окупација на Газа.

Според планот на војската, кој има цел да ја прошири и зацврсти окупацијата на Појасот Газа, се очекува Палестинците да бидат раселени во „собирни кампови“ во јужниот дел на енклавата.

Минатата недела израелските медиуми објавија дека војската планира да окупира 75% од Газа во период од два месеца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И денеска локален дожд, ќе дува и засилен ветер

Следно

РФМ ги делегираше судиите за завршниот турнир во ракометниот Куп

Latest from Blog

Најмалку десет непалски водичи исчезнаа во лавина на Хималаите

Алпинистите го подготвуваа теренот за претстојната експедиција, јавува Би-Би-Си. Според информациите од организаторите на искачувањето, станува збор за локални водичи кои биле на почетната точка во близина на врвот Химлунг Химал, во

Манчини пресече: Десетмина фудбалери не патуваат со Италија во Турција

Роберто Манчини реши веднаш да реагира по разочарувачкиот старт на Италија во новото издание на Лигата на нации. Италијанскиот селектор направи голем „рез“ во составот и дури десет фудбалери нема да патуваат

Кина одржува поморски и воздушни воени вежби околу спорниот гребен во Јужното кинеско море

Вежбата се одржа во водите и воздушниот простор околу гребенот Скарборо, кој Кина го нарекува Хуангјан Дао. Тој е побаруван и од Филипините, каде што е познат како Бахо де Масинлок. Кинеската
Go toTop