Израелската армија ќе ги прекине нападите во Газа за ослободување на Едан Александер

May 12, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелската армија е подготвена за воспоставување безбеден коридор во Газа и привремен прекин на огнот за ослободување на израелскиот војник Едан Александер, објавија денес израелските медиуми, јавува Анадолу.

Израелскиот јавен сервис КАН соопшти дека Армијата ќе ги прекине нападите во Газа и ќе воспостави безбеден коридор од 12 часот по локално време за ослободување на војникот.

Израелскиот „Канал 12“, исто така, објави дека израелските сили во Газа биле известени за прекин на огнот за ослободување на Александер, што треба да започне во 12 часот по локално време.

Вооруженото крило на палестинската група Хамас, исто така, објави дека одлучило да го ослободи Александар денес.

„Бригадите Ал-Касам одлучија да го ослободат ционистичкиот војник Едан Александер, кој има американско државјанство, денес (понеделник), 12 мај 2025 година“, истакна портпаролот Абу Обејда во кратко соопштение.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче со честитка за победата на Еди Рама

Следно

Ф1: Мекларен пред одлука кого ќе поддржи во трката за титулата, Пјастри или Норис

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства

Лидерот од Тему: „Што направи нашата влада, намали само ДДВ на горивата?“ „Вашата“ ни тоа него стори…

Нов ден, нова демагогија од СДС. Овојпат во директна изведба на нивниот лидер од Тему. Виа Муртино. Многу веројатно, тој пак ја менуваше Богданка и само го прочита напишаното од Башановиќ. Или
Go toTop