Израелската армија изврши рација во бегалскиот камп Акаба Џабер на Западниот Брег

June 13, 2024
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелската армија изврши рација во бегалскиот камп Акаба Џабер во близина на градот Ерихон на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.

Според информациите добиени од очевидци, израелските војници упаднале во куќа во бегалскиот камп и привеле најмалку еден Палестинец.

Тепачка изби меѓу израелски војници и Палестинци кои се противеле на рациите и приведувањата од страна на израелската армија.

Израелските војници употребија боева муниција против Палестинците кои се противеа на рацијата и фрлаа камења.

Израелските војници утрото упаднаа во бегалскиот камп Џенин на окупираниот Западен Брег и го опколија кампот, уништувајќи куќа на Палестинец во селото Ум Киса во близина на градот Хеброн.

Од 7 октомври 2023 година кога Израел го започна својот напад врз Појасот Газа, има зголемен број приведувања, рации и напади врз Палестинците на окупираниот Западен Брег и Источен Ал Кудс (Ерусалим).

На окупираниот Западен Брег и Источен Ал Кудс убиени се 543 Палестинци во нападите на израелските војници и Израелците кои ги узурпираа палестинските земји од 7 октомври 2023 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Тирана заврши конференцијата на Интерпол: Обединети пред сајбер криминалот и тероризмот

Следно

НАТО на состанок за нуклеарните капацитети на Алијансата

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop