Израелската Армија изврши нови рации на окупираниот Западен Брег и приведе уште 30 Палестинци

March 11, 2025
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелската Армија приведе најмалку 30 Палестинци во новите воени рации во окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.

Меѓу приведените Палестинци се наоѓале и поранешни затвореници, се вели во заедничката изјава на Комисијата за прашања на затворениците и Здружението на палестински затвореници.

Силите на израелската Армија задржаа над 200 луѓе во градот Азун, источно од Калкилија на северниот дел на Западниот Брег, на теренско испрашување пред да ги ослободат, се вели во соопштението.

Приведувањата се извршени во време на ескалација на израелската војна на северниот дел на Западниот Брег, каде што од 21 јануари досега загинаа најмалку 68 луѓе, а илјадници се раселени.

Според палестинските податоци, новите приведувања го зголемија бројот на приведени Палестинци од страна на израелската Армија на Западниот Брег од октомври 2023 година на над 14.500, вклучувајќи ги и оние кои беа ослободени откако биле приведени.

Бројката не ги вклучува приведените од Појасот Газа, чиј број се проценува на илјадници.

Во текот на изминатите неколку години, израелската Армија спроведуваше редовни рации на Западниот Брег, кои ескалираа со почетокот на војната во Газа на 7 октомври 2023 година. Палестинците, исто така, беа нападнати од нелегалните израелски доселеници.

Најмалку 934 Палестинци оттогаш се убиени, а над 7.000 други се повредени од оган на израелската Армија на окупираната територија, според Министерството за здравство.

Меѓународниот суд на правдата во јули 2024 година ја прогласи повеќедецениската окупација на Палестина од страна на Израел за нелегална и побара евакуација на сите постоечки населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Владата донесе одлука да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари

Следно

Спектакуларен трансфер во најава: Салах се сели во Шпанија?!

Latest from Blog

Намален ДДВ, стабилни цени – Владата го ублажи ударот врз граѓаните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната

Гризман продолжува во МЛС и ќе игра за Орландо

фото: rubén (X) Ветеранот Антоан Гризман, и дефинитивно се сели во САД. Некогашниот репрезентативец на Франција ќе ги искористи овие неколку слободни денови, и ќе замине преку Атлантикот за да го комплетира

Празнична посета: Коњановски на средба со муфтијата Расими во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод празникот Рамазан Бајрам, денеска го посети Битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими, каде присуствуваше на традиционалната празнична баклава. Коњановски изрази благодарност за
Go toTop