„Израелската армија интервенираше врз ‘Мадлин’, прекинат е контактот со бродот“, објави Коалиција „Флотила на слободата“

June 9, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – По интервенцијата на израелската армија изгубен е контактот со бродот „Мадлин“, кој тргнал да достави хуманитарна помош во Појасот Газа. На бродот се наоѓаа 12 активисти за човекови права, известува Анадолу.

Коалицијата „Флотила на слободата“ на својот профил на на платформата Телеграм објави соопштение во кое даде информации за ситуацијата во врска со бродот.

Посочувајќи дека израелската армија интервенирала врз бродот „Мадлин“, во објавата се вели:

„Контактот со ‘Мадлин’ е изгубен. Израелската армија се качила на бродот. Волонтерите на бродот ‘Мадлин’ се киднапирани од страна на израелската армија“.

Во соопштението се повикува на притисок врз министерствата за надворешни работи на земјите чии државјани се киднапираните активисти за човекови права, кои беа на пат да ги поддржат гладните Палестинци во Газа и да ја обезбедат нивната безбедност.

Во краткото видео објавено од Јасемин Аџар, активистка за човекови права која била на бродот, може да се слушне како лице за кое се верува дека е израелски војник, им кажува на оние што снимаат да ги исклучат телефоните.

На видеото се гледа дека рацете на активистите се во воздух.

– Специјален известувач на ОН: „Додека капетанот зборуваше дека се приближува друг брод, врската се прекина“

Специјалната известувач на Обединетите нации (ОН) за Палестина, Франческа Албанезе, на својот профил на платформата X сподели објава во која вели дека контактирала со капетанот на бродот „Мадлин“ и дека никој не бил повреден кога бродот бил запрен.

„Додека разговарав со капетанот по телефон слушнав дека зборуваат војници. Врската се прекина кога капетанот рече ‘се приближува друг брод’,“ напиша Албанезе во објавата.

На бродот се наоѓаа 12 активисти, францускиот пратеник во Европскиот парламент (ЕП) Рима Хасан, германската државјанка Јасемин Аџар, Хусеин Шуајб Орду од Турција, Тијаго Авила од Бразил, Серхио Торибио од Шпанија, Марко ван Рен од Холандија, Баптист Андре, Рева Вијард, Паскал Мауриерас и Јанис Мхамди од Франција, шведската активистка за клима Грета Тунберг и новинарот Омар Фајад.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево со со мала до умерена облачност – попладне дожд и грмежи

Следно

Роналдо: Јамал е феномен, оставете го на мира – ќе освои многу трофеи!

Latest from Blog

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и

Меџити: „Цветан Димов“ ќе стане современ булевар во општина Чаир

Оваа година се очекува да започнат работите на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, една од најпроблематичните сообраќајни артерии во Скопје, каде секојдневно се забележува хаос. Проектот доби зелено светло во Советот на
Go toTop