Израелската Армија ги потврди иранските напади врз воздухопловните бази Неватим и Тел Ноф

October 4, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелската Армија денес потврди дека Иран нападнал две нејзини воздухопловни бази, Неватим и Тел Ноф, јави израелското армиско радио, пренесува Анадолу.

Армијата соопшти дека и покрај нападите, двете воздухопловни бази остануваат целосно оперативни.

„Базите функционираат со полн капацитет, а токму вчера и завчера беа извршени воздухопловни напади од овие бази кон Бејрут“, истакна Армијата, мислејќи на нејзините напади врз Либан.

Воздухопловната база Неватим, која се наоѓа во близина на Бершеба во јужен Израел, и воздухопловната база Тел Ноф, сместена во Реховот во централниот регион на земјата, се клучни објекти за операциите на израелските воздухопловни сили.

Иран во вторникот истрела повеќе од 180 балистички ракети кон Израел како одмазда за убиството на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије, и лидерот на Хезболах, Хасан Насралах.

Техеран предупреди дека доколку Израел одговори на нападот, ќе се соочи со повеќе „девастирачки напади“.

Израел ги елиминира Насрала и други команданти на Хезболах во воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут на 27 септември.

Ханије беше убиен во напад врз неговата резиденција за време на посетата на Техеран кон крајот на јули.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Конкурси за стипендии за учениците од Спортска академија и од Математичко-информатичката гимназија

Следно

Генералниот директор на Анадолу, Сердар Караѓоз, ги посети штандовите на ТЕХНОФЕСТ

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop