Израелската Амбасада во Ирска го симна знамето пред затворањето

December 20, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Израелската Амбасада во Даблин денес го симна своето национално знаме, сигнализирајќи ги првите чекори кон нејзиното затворање, јавува Анадолу.

Ова следуваше по најавата на израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар дека Амбасадата ќе биде затворена поради, како што ја нарече, „антисемитската реторика“ на Ирска, тврдење кое Даблин го негира.

Сар го критикуваше признавањето на палестинската држава од страна на Ирска и ја обвини земјата дека се обидува да го редефинира „геноцидот“ во меѓународното право за да ги поддржи барањата против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.

Отстранувањето на израелското знаме од локацијата на Амбасадата на патот Шелбурн, Балсбриџ, се случи набргу по објавата на Сар.

Според јавувањата на ирските медиуми, портпаролот на Амбасадата го потврдил отстранувањето на знамето, велејќи: „Знамето е симнато по инструкцијата на министерот за надворешни работи за затворање на Амбасадата“.

Сепак, портпаролот појасни дека Амбасадата сѐ уште не е официјално затворена.

Ирскиот премиер Сајмон Харис ги отфрли тврдењата за антиизраелско расположение, тврдејќи дека надворешната политика на Ирска останува цврсто посветена на човековите права, меѓународното право и мирот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски започна со асфалтирање на една од најголемите улици во Визбегово

Следно

Проект Чебрен: Ковачевски ќе го продаваше, Мицкоски го прави државна сопственост

Latest from Blog

Стуб до Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност

Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО. Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен. – Конструктивна дискусија и размена

Следува промена на времето со врнежи од дожд и снег

Промена на времето со врнежи од дожд и снег на повисоките места најавуваат метеоролозите поради засилена циклонска активност. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, врнежите локално ќе бидат пообилни и на места

Филипче со писма до ЕУ за политиките на Мицкоски

Се продлабочува судирот меѓу власта и опозицијата околу евроинтеграцијата на Македонија, во услови на повеќемесечен застој на процесот за приближување кон Европската Унија. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за предавство на
Go toTop