Израелска делегација во Катар на преговори за прекин на огнот во Газа

December 17, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израелска делегација престојува во Катар на преговори за договорот за прекин на огнот во Газа, кој вклучува размена на затвореници и заложници со Хамас, објави израелскиот јавен сервис КАН, пренесува Анадолу.

КАН синоќа јави дека Тел Авив работи на заокружување (на договорот) овој месец, кој може да стапи на сила пред 20 јануари, инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

И покрај континуираните разлики со групата Хамас околу договорот, израелските официјални претставници за КАН изјавија дека е постигнат видлив напредок и дека тековните разговори напредуваат.

Израелските власти истакнаа дека оваа недела е „клучна“ за постигнување договор бидејќи се очекува Хамас да го даде својот одговор на неодамнешниот предлог претставен на групата.

Напорите за посредување предводени од САД, Египет и Катар за постигнување прекин на огнот во Газа досега не дадоа резултати поради одбивањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го запре конфликтот.

Израел ја продолжи својата војна во Појасот Газа, која ја започна по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Во израелските напади досега се убиени над 45.000 Палестинци, од кои повеќето жени и деца. Во нападот на Хамас животот го изгубија 1.200 лица, а околу 250 се земени како заложници. Се верува дека околу 101 заробеник сè уште се на палестинска територија.

Минатиот месец Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговите постапки во блокираната енклава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јаневски: Почеток на една сеопфатна борба против корупцијата – или Македонија ќе се исчисти, или нема да ја има

Следно

Без струја ќе останат дел од корисниците во општините Ѓорче Петров, Зелениково и Чучер Сандево

Latest from Blog

Шефицата на британската дипломатија повика да прекинат „ужасните искушенија“ на Џими Лаи

Лаи, 78-годишен британски државјанин, денеска е осуден на 20 години затвор, според законот за безбедност што го воведе Кина во оваа поранешна британска колонија. Во изјава на X од Министерството за надворешни

Речиси 5.000 прекршоци преку „Сејф сити“ за една недела, изречени 288 забрани за возење

Министерството за внатрешни работи информира дека во периодот од 02-ри до 08-ми февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно

Дводневна посета на Париз: Македонија ги зајакнува заложбите за Охрид во УНЕСКО

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски; министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерот за

ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем

Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се
Go toTop