Израелска армија: Од 7 октомври во Појасот Газа загинаа 587 војници

March 7, 2024
1 min read

ЕРУСАЛИМ/АЛ-КУДС (АА) – Израелската армија денеска соопшти дека уште еден израелски војник загинал, а 13 се ранети во судирите во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Во соопштението на Армијата обвинета за геноцид врз Појасот Газа, се наведува дека 21-годишниот израелски војник Давид Сасон е убиен во судирите на југот на Појасот Газа. Во истите судири биле ранети 13 израелски војници, од кои шест потешко.

Во соопштението се додава дека ранетите војници се префрлени во болница, а информирани се и нивните семејства.

Израелската армија соопшти дека од 7 октомври 2023 година, кога почнаа нападите врз Појасот Газа, загинале 587 војници, од кои 247 за време на копнената инвазија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Година и осум месеци затвор за сопственикот на „Беса Транс“

Следно

Германија зафатена од нов бран штрајкови на железницата и аеродромите

Latest from Blog

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop