Израел зазеде уште три села на југот од Сирија

December 15, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Израел освои три нови села во јужна Сирија, продлабочувајќи го воениот упад во оваа земја по соборувањето на режимот на Башар ал Асад.

Силите на израелската армија го зазедоа Џамлах во провинцијата Дара и селата Мазрат Беит Џин и Магхар ал-Мир во подрачјето на Дамаск, известуваат новинарите на Анадолу.

Асад, кој владееше со Сирија речиси 25 години, побегна во Русија на 8 декември откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз сирискиот главен град Дамаск. Преземањето дојде откако борците на Хајат Тахрир eл-Шам (ХТШ) ги зазедоа клучните градови низ целата земја во брзата офанзива која траеше помалку од две недели.

Искористувајќи го падот на режимот на Асад, Израел ги засили своите воздушни напади врз воени локации низ Сирија, што е очигледно кршење на суверенитетот на земјата.

Израел прогласи пад на Договорот за раздружување од 1974 година со Сирија и ги распореди своите сили во демилитаризираната зона на Голанската висорамнина – територија што Израел ја окупираше од 1967 година. Потегот беше осуден од Обединетите нации и неколку арапски нации.

Според Набљудувачките сили на Обединетите нации (UNDOF), тампон зоната се протега на повеќе од 75 километри во должина и околу десет километри во ширина од центарот и до 200 метри на крајниот југ“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“, ќе се намалат цените на над 800 производи

Следно

Костова: Кошничките се измама, Мицкоски дозволи трговците да се богатат на грбот на граѓаните

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop