Израел за еден час изврши над 100 воздушни напади врз градот Газа

November 6, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелската војска изврши повеќе од 100 воздушни напади врз градот Газа за помалку од еден час во текот на вчерашниот ден, при што загинаа и беа ранeти голем број Палестинци, јави дописникот на Анадолу.

Бомбардирањето беше насочено кон различни области на градот, концидирајќи со прекинот на комуникациите и интернетот.

Воздушните напади предизвикаа голем број жртви и целосно уништија станбен блок во бегалскиот камп Ал Шати.

Бомбардирањата беа насочени кон области на северозападниот, централниот и југозападниот дел во градот Газа.

Амбулантните возила не можеа да стигнат до местата поради интензитетот на бомбардирањето.

Прав и чад го зафатија небото над Газа.

Цел на бомбардирањата беа околината на медицинскиот комплекс Ал-Шифа, најголемата болница во Појасот Газа, како и станбените подрачја, патиштата, облата на пристаништето на градот и различни делови на северозападна и југозападна Газа.

Палестинското Министерство за комуникации и информатичка технологија и палестинската телекомуникациска компанија „Палтел“ претходно соопштија дека Израел ги прекинал сите видови комуникациски услуги од Појасот Газа, трето прекинување во период од околу 10 дена.

Бројот на загинати Палестинци во израелските бомбардирања во Појасот Газа се искачи на 9.770, објави вчера Министерството за здравство во блокираната енклава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најтврдоглавите хороскопски знаци

Следно

Апелациониот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop