Израел вели дека работи на фрагментирање на Газа и на планот за присилно преселување на Палестинците

April 9, 2025
1 min read

Израелската армија работи на фрагментирање на Појасот Газа и спроведување план за присилно преселување на Палестинците од енклавата, изјави вечерва израелскиот министер за одбрана Израел Кац, јавува Анадолу.

Кац ги посети израелските сили на Коридорот Мораг, кој ги дели градовите Рафа и Кан Јунис во јужна Газа.

„Армијата постигнува значајни цели: евакуација на (палестинското) население, уништување на инфраструктурата, сегментирање на Газа во нови области во кои не дејствувала во ниту еден претходен момент од војната, елиминирање на тунелите и наскоро воспоставување нов коридор… што ќе ја прекине врската меѓу Кан Јунис и Рафа“, рече тој.

Израелскиот дневен весник „Хаарец“ утрово објави дека армијата планира да го вклучи градот Рафа во тампон-зоната што се гради покрај границата.

Според весникот, армијата создава тампон-зона во Газа што опфаќа 75 квадратни километри или околу една петтина од палестинската територија.

„Тоа ефикасно ќе ја претвори Газа во енклава во рамките на територија под контрола на Израел, отсекувајќи ја од египетската граница.“

Израелската армија ги продолжи смртоносните напади во Газа на 18 март и оттогаш уби речиси 1.500 Палестинци, рани 3.700, со што го прекрши договорот за прекин на огнот и размена на затвореници во енклавата што беше потпишан во јануари.

Минатата недела израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе ги ескалира нападите врз Газа додека се прават напори за спроведување на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за раселување на Палестинците од енклавата.

Во бруталните израелски напади, кои започнаа во октомври 2023 година, во Газа се убиени над 50.800 Палестинци, повеќето жени и деца.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Марта Наумовска Грнарова: Ние генерално како производни компании сме извозно ориентирани, 33% во цената не може да не се одрази!

Следно

Табило: Бев подготвен на тоа Ѓоковиќ да дојде за да ме убие!

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop