Израел утрово спроведе нови воздушни напади врз Газа, десетици загинати

November 6, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Десетици Палестинци загинаа во новите израелски воздушни напади врз Појасот Газа извршени рано утринава, објави државната палестинска новинска агенција Вафа, пренесува Анадолу.

Борбен авион погодил куќа во Хан Јунис, јужно од градот Газа, при што загинале три лица, меѓу кои и едно дете. Се истакнува дека неколку луѓе се заробени под урнатините.

Во друг напад погодена е куќа во централниот град Деир ал Балах, при што загинати и повредени се најмалку 15 лица.

Десет лица загинаа и има повредени во израелски воздушен напад врз куќа во подрачјето на Заваида во централниот дел на Појасот Газа.

Исто така, во израелски воздушен напад гаѓана е куќа во бегалскиот камп Тел ал-Султан, западно од Рафа во Јужна Газа.

Израел започна воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Во конфликтот досега загинаа над 11.300 луѓе, од кои најмалку 9.770 Палестинци и речиси 1.600 Израелци.

Покрај големиот број жртви и масовното раселување, основните резерви се при крај за 2,3 милиони жители на Газа поради израелската опсада.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поповски: Нереално е дека било која влада би успеала да ре-договори нова преговарачка рамка која нас би ни одговарала

Следно

Најтврдоглавите хороскопски знаци

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop