Израел уби над 45.200 Палестинци во нападите врз Газа

December 20, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку уште 77 Палестинци се убиени во немилосрдните израелски напади врз Појасот Газа, со што вкупниот биланс на убиени од минатата година досега достигна 45.206, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.

Министерството додаде дека најмалку 107.512 Палестинци се повредени во нападите.

„Израелските сили убија 77 лица, а ранија 174 во три масакри на семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава во соопштението.

На 7 октомври 2023 година Израел започна геноцидна војна во Појасот Газа по нападот на Хамас. Израелската офанзива во Газа трае повеќе од 14 месеци и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се повикува на итен прекин на огнот.

Втората година од геноцидот во Газа наиде на зголемена меѓународна осуда, при што официјални претставници и институции ги осудија нападите и блокирањето на испораката на хуманитарна помош како намерен обид за уништување на населението.

На 21 ноември Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата смртоносна војна во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски во „Наткаст“: Затекнавме состојба, Сицилија „вода да ни носи“

Следно

Гвардиола го сака Меси во Манчестер сити

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон
Go toTop