Израел уби 123 Палестинци во Газа по прогласувањето на прекинот на огнот

January 18, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската армија уби 123 Палестинци во нападите врз Појасот Газа по прогласувањето на прекинот на огнот, известува Анадолу.

Дирекцијата за цивилна одбрана во Газа даде писмено соопштение во кое информира за жртвите и повредените во нападите на израелската армија по прогласувањето на прекинот на огнот.

Во соопштението се наведува дека како резултат на нападите на израелската армија во сите градови на Појасот Газа убиени се 123 лица, а 270 се повредени.

Палестинското министерство наведе дека во израелските напади меѓу убиени има 33 деца и 33 жени.

– Договор за прекин на огнот и размена на затвореници Израел-Хамас

Катар, една од земјите посредници, на 15. јануари објави дека Израел и Хамас постигнале договор за прекин на огнот и размена на затвореници во Газа.

Договорот ќе стапи на сила во недела на 19 јануари во 08:30 часот по локално време (6:30 часот по средноевропско време). Во првите 42 дена од договорот за прекин на огнот кој се состои од 3 фази, ќе бидат ослободени 33 заложници.

Договорот вклучува сеопфатна хуманитарна помош за Појасот Газа, како и можност раселените Палестинци да се вратат на нивната територија.

Деталите од втората и третата фаза на договорот ќе бидат соопштени по имплементацијата на првата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Истрага за обид за разбојништво во Битола

Следно

Македонските ракометари нема да тренираат денеска, треба да се собере енергија

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop