Израел со артилерија ја гранатира територијата на Либан

October 8, 2023
1 min read

ТЕЛ АВИВ (АА) – Израелската војска денес го потврди артилериски напад врз Либан како одговор на ракетен инцидент, известува Анадолу.

„Израелските сили сега со артилериски оган го напаѓаат подрачјето во Либан од каде пред неколку минути е извршен напад врз израелската територија“, објави израелската војска.

Во соопштението се наведува дека „се подготвени на сите сценарија и дека ќе продолжат да ја штитат безбедноста на жителите на Израел.“

Израел по минофрлачкиот напад ги гранатираше ридот Кафат Шуба и градот Ал-Мари во јужен Либан.

„Гаѓавме три израелски позиции во окупираното подрачје“, објави либанскиот Хезболах денес.

Либанските власти не го коментираа инцидентот.

Министерството за здравство на Палестина денес објави дека во израелските авионски напади на Појасот Газа загинале 313 Палестинци, а повредени се 1.990.

Медиумите во Израел објавија дека во ракетните напади врз Израел досега загинале 350, а повредени се над 1.864 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонската амбасада во Тел Авив: Постојано се зголемува бројот на наши државјани кои се пријавуваат дека се затечени во и околу загрозените подрачја

Следно

Локализиран е пожарот што го зафати атарот на делчевското село Бигла

Latest from Blog

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop