Израел: Семејствата на заложниците во Газа упаднаа во Кнесетот барајќи нивно ослободување

January 22, 2024
1 min read

КУДС (АА) – Семејствата на Израелците заробени од Хамас во Појасот Газа упаднаа денес на седница на парламентарната комисија во Кудс (Ерусалим), барајќи договор за нивно ослободување, пренесува Анадолу.

Израелскиот јавен сервис КАН објави дека членовите на семејството кога влегле на состанокот на финансискиот комитет на Кнесетот носеле табли на кои пишувало „Нема да седите овде додека тие умираат таму!“.

Се верува дека Хамас држи околу 136 Израелци по прекуграничниот напад на 7 октомври.

Израел започна смртоносна офанзива на Појасот Газа по нападот на Хамас, при што загинаа најмалку 25.295 Палестинци, а беа повредени 63.000. Се верува дека околу 1.200 лица загинале во Израел.

Напорите за посредување на Египет, Катар и САД досега не успеаја да обезбедат ослободување на уште една група израелски заложници бидејќи Хамас бара прекин на смртоносната офанзива на Израел на Појасот Газа.

Со претходниот договор меѓу Хамас и Израел во ноември беа ослободени 81 Израелец и 24 странци во замена за 240 Палестинци, меѓу кои 71 жена и 169 деца.

Според податоците на Обединетите нации, поради израелската офанзива, 85 отсто од населението во Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Грција се зголемува додатокот за секое родено дете

Следно

Бербок: ЕУ мора да работи на принципот „две држави“ за надминување на израелско-палестинскиот конфликт

Latest from Blog

Поранешен битен пратеник на ДУИ премина во редовите на Изет Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Шамбевски повикува на независна истрага за злоупотребите во СЈО

Сведоштвото на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, е едно од најсериозните и најдиректните откритија за тоа како функционирала злоупотребата на правосудниот систем во Македонија. Ова не е сензационализам – тоа е

ФФМ го трансформира македонскиот фудбал со сопствен ЛЕД екран од 210 метри

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) направи значаен исчекор кон модернизација на стадионите и подобрување на спортската инфраструктура. Наместо изнајмување, федерацијата инвестираше во сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, што создава целосно ново

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се
Go toTop