Израел се закани дека ќе бара американски паралелен одговор за ограничувањето на турскиот извоз

April 9, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израел денес се закани дека ќе ѝ возврати на Туркије поради нејзината одлука да го ограничи извозот на одредени стоки, велејќи дека „ќе се обратат до произраелските земји и организациите во Соединетите Американски Држави да ги запрат инвестициите во Туркије и да спречат увоз на производи од Туркије“, јавува Анадолу.

Израел „ќе контактира со земјите и организациите во САД за да ги запре инвестициите во Туркије и да го спречи увозот на производи од Туркије, и со нашите пријатели во американскиот Конгрес да го испитаат прекршувањето на законите за бојкот и соодветно да воведат санкции кон Туркије“, истакна на социјалната мрежа Х израелскиот министер за надворешни работи на Тел Авив, Израел Кац.

Во соопштението на канцеларијата на Кац се вели дека тој ѝ наредил на економската канцеларија на Министерството за надворешни работи „да подготви обемна листа на производи што Израел ќе спречи Туркије да ги извезува во Израел“.

„Туркије еднострано ги прекршува трговските договори со Израел и Израел ќе ги преземе сите неопходни мерки против тоа“, се вели во соопштението.

Кац, исто така, на социјалната мрежа X истакна дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „уште еднаш ги жртвува економските интереси на народот на Туркије“ за неговата поддршка на Хамас, кој тој го нарече „убијци во Газа кои силуваа, убиваа и сквернавеа тела на жени, девојки, возрасни и живи изгорени деца“, осврнувајќи се на извештаите од прекуграничниот напад на Хамас од 7 октомври, вклучително и деталите што Хамас ги оспорува.

„Израел нема да се подложи на насилство и уцени и нема да се жали на едностраното кршење на трговските договори и ќе преземе паралелни мерки против Туркије кои ќе ѝ наштетат на турската економија“, вети Кац.

Туркије претходно денес го ограничи извозот на одредени производи во Израел сѐ додека не го спроведе прекинот на огнот и не дозволи „доволен и непрекинат проток“ на хуманитарна помош во Појасот Газа.

„Израел продолжува флагрантно да го крши меѓународното право и ги игнорира бројните повици на меѓународната заедница за прекин на огнот и непрекината хуманитарна помош“, се вели во соопштението на турското Министерство за трговија.

Израел уби повеќе од 33.000 Палестинци од прекуграничниот упад на 7 октомври на палестинската група Хамас, кој однесе 1.200 животи.

Оттогаш, голем дел од инфраструктурата на Газа е уништена, а 1,9 милиони нејзини жители се насилно раселени, оставајќи ги во опасност од болести и глад.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во јануари донесе привремена одлука со која му наредува на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да гарантира дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Албанија продолжува падот на инфлацијата

Следно

Подобрување на нивото на контрола на вакцинацијата во Скопје

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop