„Израел се подготвува да го нападне Иран, очекува поддршка од САД и другите партнери“, известуваат медиумите

October 5, 2024
1 min read

АЛ-КУДС (АА) – Израелската војска се подготвува за голем воен одговор против Иран, откако Техеран изврши масовен ракетен напад во текот на оваа недела како одговор на убиствата на лидерите на Хезболах и Хамас, известува Анадолу.

Израелската јавна радиодифузна корпорација (КАН) објави дека израелската армија подготвува „голема и тешка одмазда“ против Иран.

„Војската планира значаен одговор на иранскиот ракетен напад, кој иако не предизвикува значителна штета, не може да остане без одговор. Армијата се подготвува за жесток напад“, пренесе КАН.

Во веста се наведува дека Израел очекува поддршка од другите земји во коалицијата против Иран, како и продолжување на меѓународната координација.

Според КАН, сојузниците на Израел, вклучително и САД, го гледаат Иран како заедничка закана.

Командантот на американската централна команда (ЦЕНТКОМ), генерал Мајкл Курила, се очекува да го посети Израел оваа недела за да разговараат за заедничките стратегии.

А израелскиот весник „Хаарец“ пишува дека Израел планира опсежна воена кампања против Иран, истовремено подготвувајќи се и за можни нови ракетни напади од Техеран како одговор на очекуваната израелска одмазда.

Во веста се наведува дека Израел истовремено подготвува акција против Иран, но и ги интензивира нападите врз Газа.

Весникот „Едиот ахронот“ објави дека европски функционери се сретнале со израелските одбранбени претставници во Тел Авив за да го координираат воениот одговор против Иран.

Иран лансираше најмалку 180 проектили во вторникот како одмазда за убиството на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије и лидерот на Хезболах Хасан Насрала.

Насрала и другите команданти на Хезболах беа убиени во израелски воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут на 27 септември. Ханије беше убиен во напад врз неговата резиденција за време на посетата на Техеран кон крајот на јули.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пресек температури до 17 часот: Скопје беше најтопол град во Македонија

Следно

Тошкоски: Нема веќе бришење на казни

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop