Израел прогласи воена состојба

October 8, 2023
1 min read

КУДС (АА) – Израелската влада денес прогласи воена состојба среде израелско-палестинскиот судир, известува Анадолу.

Израелскиот совет за безбедност одобри објавување на војна состојба во согласност со членот 40 на Основниот закон, соопшти Владата на Израел, пренесе весникот „Jerusalem Post“.

Над 2.000 Израелци се повредени, информираше „Hebrew Channel 12“.

Најмалку 600 Израелци загинаа во воената ескалација со палестинските групи во Газа, објавија денес локалните медиуми.

Бригадата Изедин Касам, военото крило на Хамас, во саботата наутро објави дека ја започнала операцијата „Aqsa Flood“ против Израел и извршила ракетни напади врз Израел од блокираниот Појас Газа, а нивните вооружени групи влегле во населбите во регионот.

Израелската војска потоа објави дека извршила напад врз Појасот Газа со десетици борбени авиони.

Министерството за здравство на Палестина објави дека во израелските авионски напади загинале 313 Палестинци, а речиси 2.000 се повредени.

Според информациите што ги објави израелската војска, Хамас од саботата наутро досега кон Израел упатил над 3.000 ракети.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Најмалку пет земји членки на ЕУ сметаат дека Македонија не заслужува ниту почеток за преговори со ЕУ поради криминалната Влада на СДСМ и ДУИ

Следно

„Октомвриска ноќ“ во Прилеп: Изложба на дела од Сергеј Андреевски, актери ќе читаат поезија од Петре М. Андреевски и Светлана Христова-Јоциќ

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop