Израел продолжува со нападите врз цивилните области во Газа, во синоќешните напади голем број загинати

December 22, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Синоќа во нападите на Израел врз опколениот Појас Газа беа убиени неколку Палестинци, пренесува Анадолу.

Израелските сили од воздух и земја бомбардираа цивилни области, вклучително и бегалскиот камп Џабалија, Рафа и Хан Јунис во Појасот Газа, соопшти палестинската новинска агенција ВАФА.

Во нападите врз Хан Јунис загинаа најмалку шест лица, а други беа повредени.

Телата на загинатите и повредените се пренесени во болницата Насер.

Во меѓувреме, пријавени се жртви и повредени при бомбардирањето на куќите на Палестинците во бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа.

Најмалку деветмина, повеќето деца, загинаа, а други се повредени во нападите на бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа.

Меѓу жртвите се и мајка и нејзините пет ќерки.

Најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа, а неколку се повредени во нападите на израелски воени авиони врз Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека примила десетици повици за голем број загинати и повредени при бомбардирање на куќа во регионот Ал-Назла во Џабалија, но ниту една брза помош или спасувачка екипа не можела да стигне до жртвите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Појасот Газа се искачи на 20.057

Следно

Денеска ќе се избере в.д. републички јавен обвинител

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop