Израел продолжува со напади на Газа, убиени над 35.300 Палестинци

May 17, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 35.303 Палестинци се убиени во тековната офанзива на Израел врз Појасот Газа од октомври минатата година, соопшти денес Министерството за здравство во опколената енклава, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се додава дека 79.261 лице досега се повредени во израелските напади.

„Во израелските напади во последните 24 часа се убиени 31 лице, а 56 се повредени“, се вели во соопштението.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава во соопштението.

Израел продолжи со својата брутална офанзива врз Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот во енклавата.

Повеќе од седум месеци од почетокот на израелската војна големи делови од Појасот Газа се во урнатини, а 85 отсто од населението на енклавата се внатрешно раселени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поранешниот претседател на Србија имал сообраќајка

Следно

ЕУ со нова хуманитарна помош за Појасот Газа

Latest from Blog

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението

Проданоски: Засадени 6.000 дабови садници на Маркови Кули: Голема еколошка акција во Прилеп

Голема акција за пошумување беше реализирана на локалитетот Маркови Кули во Прилеп, каде во рамки на проект финансиран од Бирото за регионален развој беа засадени вкупно 6.000 садници на даб. Акцијата се

Велбек го „угаси“ Ливерпул

Во првиот дуел од денешната програма во Премиер лигата, тимот на Брајтон со двата гола на Дени Велбек на свој терен успеа да го победи со конечни 2:1, тимот на Ливерпул, и
Go toTop