Израел продолжува со копнените, воздушните и поморските напади низ Газа, кои влегоа во 279-от ден

July 11, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелската војска продолжува со копнените, воздушните и поморските напади врз областите низ Појасот Газа, кои влегоа во 279-тиот ден, неколку дена во својот деветти месец, објавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Државната палестинска новинска агенција Вафа соопшти дека во израелските напади погоден е дом во бегалскиот камп Ал-Магази и во бегалскиот камп Нусејрат, во централниот дел на Појасот Газа.

Во градот Газа, израелските армиски дронови отворија оган кон домовите во населбата Ал-Сабра, во јужниот дел на градот.

Израелската морнарица изврши напади кон брегот на градот Ал-Захра и бегалскиот камп Нусејрат.

Во јужниот дел на Појасот Газа, израелската војска уништи цели згради во градот Рафа, додека армиската артилерија го погоди квартот Шабура во центарот на Рафа.

Здравствените власти допрва треба да го потврдат бројот на жртви од овие напади.

Израел, прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени над 38.000 Палестинци, главно жени и деца, а речиси 88.000 се повредени.

По девет месеци од почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, а има блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му наложи веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа, каде што над милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дроновите ја надлетуваат Грција, досега се исплатени 350.000 евра за нелегалните лежалки

Следно

Алтун: Во Сребреница се случи геноцид пред очите на целото човештво

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop