Израел продолжува со интензивни воздушни напади во северна Газа

October 14, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелски воени авиони рано утрово спроведоа интензивни воздушни напади во северниот дел на Газа, по што се пријавени повеќе загинати, јавува Анадолу.

Нападите беа насочени кон неколку куќи и објекти во бегалскиот камп Џабалија и населбата Ал-Машрух во Беит Лахиа, јави репортерот на Анадолу.

Во нападите загинале десетици Палестинци. Палестинското Министерство за здравство допрва треба да го потврди бројот на жртви.

Израелската војска продолжи и со артилериско гранатирање од бродовите и тенковите долж источниот и западниот дел на Појасот Газа, извести дописникот на Анадолу.

Ракета е истрелана и од Појасот Газа кон градот Ашкелон во јужен Израел, регион во непосредна близина на Појасот.

Вчера (петок), израелската војска предупреди 1,1 милион жители во северниот дел на Газа да се евакуираат „во рок од 24 часа“ кон југ.

Обединетите нации (ОН) предупредија дека ќе биде невозможно Палестинците да ја послушаат наредбата и да го напуштат северот без „погубни хуманитарни последици“.

Пред една недела, израелските сили започнаа континуирана и силна воена кампања против Појасот Газа како одговор на воената офанзива на палестинската група Хамас на израелски територии.

Конфликтот започна минатата сабота кога Хамас ја започна операцијата „Поплава Ал Акса“ против Израел, ненадеен напад од повеќе страни, со лансирање ракети и инфилтрација во Израел преку копно, море и воздух.

Хамас соопшти дека операцијата е одмазда за рациите во џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим) и зголеменото насилство на еврејските доселеници врз Палестинците.

Потоа израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ против позиции на Хамас во Појасот Газа.

Одговорот на Израел се прошири со прекин на снабдувањето со вода и електрична енергија за Газа, дополнително влошувајќи ги условите за живот во областа што е под опсада од 2007 година.

Од избувнувањето на судирот загинаа повеќе од 3.300 лица, од кои 1.900 Палестинци и 1.400 Израелци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЗО бара од Израел да го повлече барањето за евакуација на болницата „Ал Ауда“ во Газа

Следно

Османи: Северна Македонија не смее да го пропушти возот за ЕУ

Latest from Blog

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на

ВЛЕН: ДУИ ја блокираше еднаквоста во високото образование

Скопје – Потпишувањето на колективните договори со албанските универзитети потврди дека проблемите со кои тие се соочувале со години не биле резултат на законски или институционални пречки, туку на политичкиот пристап на

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската
Go toTop