„Израел планира да ја заврши копнената операција во Газа во третата фаза од војната“

December 23, 2023
1 min read

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Тел Авив се подготвува да ја заврши својата воена копнена операција во Појасот Газа како дел од третата етапа од војната во наредните недели, објави Израелската радиодифузна корпорација, пренесува Анадолу.

Медиумот цитира неименувани извори кои велат дека израелската армија „се подготвува да премине во третата фаза од борбите во Газа во текот на следните недели, во согласност со оперативните достигнувања.“

„Третата фаза вклучува завршување на копнената операција во Појасот Газа, редуцирање на армиските сили и демобилизација на резервниот состав, прибегнување кон воздушни напади и воспоставување тампон зона на границата меѓу Израел и Појасот Газа“, наведуваат изворите.

Се истакнува дека армијата „презеде контрола над поголемиот дел од северниот Појас Газа, но дека се соочува со големи потешкотии во напредувањето кон подрачјата во јужниот дел од Појасот Газа“.

Најмалку 472 израелски војници загинаа од почетокот на копнената операција во палестинската енклава на 27 октомври, според податоците на израелската армија.

Од 7 октомври, израелската армија води деструктивна војна во Газа, што резултира со најмалку 20.057 загинати и 53.320 повредени, од кои повеќето деца и жени.

Таа предизвика огромна штета врз инфраструктурата и голема хуманитарна катастрофа, според палестински и меѓународни извори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР продолжува со казнување во Скопје, овој пат санкционирани 118 возачи

Следно

Митева: Злоупотребата на парите од страна на власта на СДС и ДУИ нема граници

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop