Израел планира да го нападне Иран, тврдат американските медиуми

June 12, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Извори што зборуваа за американските медиуми тврдат дека Израел планира да спроведе воена операција против Иран во рок од неколку дена, известува Анадолу.

По најавата дека разговорите меѓу САД и Иран ќе продолжат во Оман на 15 јуни и со развојот на настаните дека САД ќе дозволат американскиот персонал на Блискиот Исток што не е битен да ги напушти земјите каде што дејствуваат, агендата во врска со регионот не стивнува.

Во веста што ја објави НБЦ њуз вклучени се тврдења на службеници што зборуваа за планот на Израел да го нападне Иран.

Во предметните тврдења вклучена е и изјава дека Израел планира да започне воена операција врз Иран во рок од неколку дена.

Изворите, кои тврдат дека тој напад „најверојатно“ ќе се случи без поддршка од САД, изјавија дека американските службеници биле во состојба на готовност во случај на таква можност.

Изворите, исто така, тврдат дека сведочењето на Мајкл Ерик Курила, командант на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), на Капитол хил е одложено за да може да се фокусира на ова прашање.

– „Њујорк тајмс“, исто така, тврди дека Израел се подготвува за напад

Весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на американски, европски и ирански претставници, исто така, тврди дека Израел се подготвува наскоро да го нападне Иран.

Од друга страна, одговорните лица не споделија информации за обемот на планираниот напад.

Иранските претставници, од друга страна, тврдат дека Владата во Техеран и воените претставници се собрале за да направат план во случај на евентуален израелски напад и дека тој би вклучувал реакција кон Израел со стотици балистички ракети.

Висок американски морнарички претставник изјави дека САД немаат планови да ја сменат позицијата на носачот на авиони „Карл Винсон“, кој се наоѓа во Арапското Море веќе неколку недели.

– Одлука за американскиот персонал на Блискиот Исток

Стејт департментот и Министерството за одбрана на САД во своите изјави наведоа дека на американски персонал на Блискиот Исток што не е битен, дозволено им е да ги напуштат земјите во кои се на должност.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, одлучи дел од американскиот персонал да ги напушти земјите на Блискиот Исток бидејќи „регионот би можел да стане опасно место“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ поддржува една изборна единица

Следно

По скандалот со Левандовски: Селекторот на Полска си поднесе оставка!

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop