Израел одобри ослободување на 50 Палестинки доколку Хамас ослободи уште заробеници

November 28, 2023
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) – Израел одобри додавање на 50 палестински затвореници на листата на оние што планира да ги ослободи врз основа на договорот за размена со Хамас доколку палестинската група ослободи уште израелски заробеници што ги држи во Појасот Газа, соопшти ова утро Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесува Анадолу.

„Владата одобри додавање на 50 затвореници на листата на оние што ги исполнуваат условите во случај да се изврши ослободување на дополнителни израелски заложници“, се вели во соопштението.

Израелскиот весник „Хаарец“ објави дека активистката Ахед Тамими е меѓу палестинските затвореници што се очекува да бидат ослободени.

Израелските безбедносни сили ја приведоа Тамими во 2017 година и ја затворија на 8 месеци, по што повторно ја приведоа на 6 ноември оваа година во селото Наби Салех во окупираниот Западен Брег.

Канцеларијата на Нетанјаху ова утро објави дека Тел Авив добил листа на заложниците што ќе бидат ослободени подоцна во текот на денот.

Невладината организација Здружение на палестински затвореници утрово објави дека израелските власти држат 60 палестински жени в затвор, од кои повеќето се приведени по 7 октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новите антикризни мерки пред Владата

Следно

Пунктовите за фотографирање и издавање на лични документи во Скопје утре и задутре ќе работат со полно работно време, закажаните термини да се почитуваат

Latest from Blog

Кина ги предупреди САД и Израел: „НЕ ГО ДОПИРАЈТЕ НОВИОТ ИРАНСКИ ЛИДЕР“

Пекинг денес изрази противење на каква било странска акција насочена против новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи. „Кина се спротивставува на мешањето во внатрешните работи на други земји, под каков било

Македонската амбасада во ОАЕ со ВАЖНИ информации за евакуацијата на македонските државјани во Бахреин и Кувајт

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин и Кувајт за времето и начинот на нивната евакуација. -Информација за македонските граѓани
Go toTop