Израел „неодлучен“ за кривична истрага за смртта на хуманитарните работници во Газа

April 8, 2024
1 min read

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Израел сè уште не одлучил дали да покрене кривична истрага за минатонеделното убивање на седум хуманитарни работници во воздушниот напад во Појасот Газа, јавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Хуманитарните работници на хуманитарната организација со седиште во САД, Светска централна кујна „World Central Kitchen“, беа убиени на 1 април кога нивниот конвој беше погоден набргу откако го надгледуваа истоварувањето на 100 тони помош во храна донесена во Газа по морски пат.

Загинатите беа државјани на Австралија, Полска, Велика Британија и Палестина, како и американско-канадски државјанин.

Израелската Армија соопшти дека нејзината истрага за инцидентот открила сериозни грешки и прекршување на процедурата од страна на нејзината војска. Разрешени биле двајца офицери вклучени во смртоносниот напад, а тројца добиле строг укор.

„Военото обвинителство сè уште не одлучило дали да покрене кривична истрага против оние вклучени во нападот“, соопшти израелскиот јавен сервис КАН.

„Безбедносниот естаблишмент има тенденција да дозволи вклучување на независни надворешни страни од меѓународните организации во истрагата за инцидентот“, се додава.

Израел спроведува смртоносна воена офанзива во Појасот Газа по прекуграничниот напад на почетокот на октомври минатата година од страна на палестинската група Хамас во кој загинаа околу 1.200 луѓе.

Оттогаш се убиени 33.207 Палестинци, а околу 75.933 се повредени.

Израел, исто така, воведе блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на Северна Газа, на раб на глад.

Според Обединетите нации, израелската Армија принуди 85 отсто од населението на Газа на внатрешно раселување, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој неодамна побара од него да стори повеќе за да се спречи гладот во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Директорот на „Водовод“ во Бор поднесе оставка од морални причини поради убиството на Данка

Следно

Најмалку 33.207 Палестинци убиени од 7 октомври во Газа

Latest from Blog

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.

Ристовски најави: 438.000.000 денари поддршка за македонскиот спорт

Македонскиот спорт ќе добие 438.000.000 денари поддршка од државата соопшти министерот за спорт Борко Ристовски во своето обраќање на денешното редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). – После субвенциите

Бастони и кажа “ДА“ на Барса!

ФОТО:facebook.com/Inter Еден од најдобрите дефанзивци во светот и еден од најдобрите фудбалери на Интер и селекцијата на Италија, се сели во Ла Лига. Алесандро Бастони, ги прифати сите услови понудени од Барселона
Go toTop