Израел најави целосна опсада на Газа

October 9, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Израел денес најави дека поставува „целосна опсада“ врз Појасот Газа поради интензивираните борби со палестинската група Хамас, пренесува Анадолу.

„Наредив целосна опсада на Појасот Газа“, соопшти израелскиот министер за одбрана Јоав Галант по седницата за проценка на Армијата, јави „Тајмс оф Израел“.

„Нема да има струја, храна, гориво, сè е затворено (за Газа)“, нагласи Галант.

Рано утрово, израелската Армија потврди дека во текот на ноќта извршила напади на над 500 цели во Газа, тврдејќи дека тоа биле позиции на Хамас и Исламски џихад.

Групата на отпорот Хамас, со седиште во Газа, во саботата ја започна операцијата „Поплава Ал-Акса“ против Израел, истрелувајќи бараж ракети. Групата соопшти дека ненадејниот напад е одговор на упадот во џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим) и зголеменото насилство од еврејските доселеници.

Како одмазда, израелската Армија ја започна операцијата „Железни мечеви“ против Хамас во Појасот Газа, во којашто загинаа 560 Палестинци, додека повредени се најмалку 2.900.

Според израелското Министерство за здравство, во судирите загинале најмалку 700 Израелци, а над 2.300 се ранети.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Мицкоски: Веднаш по смена на власта, велешани ќе добијат нов мост во Башино село и нова обиколница

Следно

Помирување, а не простување за Груевски – Битиќи: Помирувањето може да значи донекаде ублажување на казната

Latest from Blog

Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи

Да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото и секој што ги забележува овие симптоми веднаш да побара медицинска помош. Лицата со респираторни

Битола ќе добие нова енергија – ВМРО-ДПМНЕ ја откри советничката листа!

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја претставија својата советничка листа за Битола, нагласувајќи дека нудат комбинација од континуитет, искуство и свежа енергија за новата голема победа. „Остануваме посветени на Битола, продолжуваме искрено, вредно и
Go toTop