Израел начелно се согласи да отвори хуманитарен коридор меѓу Кипар и Газа

December 28, 2023
1 min read

„Постои во принцип одобрение за користење на тој морски пат, но остануваат уште неколку практични проблеми да се решат“, вели портпаролот на министерството за надворешни работи

Израел начелно се согласи да му дозволи на Кипар да отвори поморски коридор меѓу тој остров и Појасот Газа, палестинска територија под израелска блокада, каде што хуманитарните потреби се огромни, потврди денеска израелското министерство за надворешни работи.

„Постои во принцип одобрение за користење на тој морски пат, но остануваат уште неколку практични проблеми да се решат,

изјави портпаролот на министерството, Лиор Хајат.

Тој вели дека планот треба да придонесе за значително зголемување на испораката на хуманитарна помош за 2,4 милиони жители на Појасот Газа, откако ќе се изврши проверка на товарот на Кипар „под израелски надзор“.

Кипар го предложи коридорот по избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас, палестинското исламистичко движење на власт во Појасот Газа.

Според ОН, хуманитарната ситуација во Газа е катастрофална, околу 1,9 милиони луѓе или 85 отсто од населението морале да ги напуштат своите домови. Сериозен недостиг од најосновните производи има на таа територија, која е под целосна израелска блокада од 9 октомври, два дена по почетокот на конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Хамас.

Засега хуманитарната помош се доставува во недоволно количество, по копно, преку преминот Рафах меѓу Појасот Газа и Египет.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Дали ова е еден од најубаво украсените локали во Скопје?

Следно

Бислимовски: Тие што ќе одат во трет блок ќе имаат помали сметки од претходно, зашто ќе ја пренасочат потрошувачката во евтина тарифа

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop