Израел: Копнената операција во Газа „може да трае со месеци“

October 23, 2023
1 min read

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, вчера изјави дека очекуваната копнена операција во Појасот Газа „може да трае со месеци“, пренесува Анадолу.

Галант ја даде изјавата на седницата на оперативната команда на Воздухопловните сили во близина на границата со Појасот Газа.

„Ова треба да бидат последни [копнени] маневри во Газа, бидејќи по нив веќе нема да има Хамас. Ќе биде потребен еден месец, два, три месеци, но на крајот нема да има повеќе Хамас“, истакна министерот пренесоа изралските медиуми.

„Ништо не може да ја запре [израелската армија]. Оперативната страна на маневарот е комбинација од две работи: капацитет на воздухопловните сили и копнената операција“, рече Галант, објави весникот „Једиот Ахронот“.

Претходно вчера, израелската војска објави дека ќе ги интензивира воздушните напади врз Појасот Газа со цел да ги намали заканите на кои може да се соочат нејзините сили во Газа, како подготовка за следната фаза од војната, мислејќи на копнената операција.

Израелската армија продолжува со водушните напади врз Газа во кои се уништени цели населби.

Најмалку 4.651 Палестинец, меѓу кои 1.873 деца, загинаа во израелските напади врз Газа.

Неутврден број луѓе се заробени под урнатините.

Конфликтот во Газа, која е под израелско бомбардирање и опсада од 7 октомври, започна кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, ненадеен напад со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух. Хамас наведе дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Потоа израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ кон позициите на Хамас во Појасот Газа.

Газа се соочува со тешка хуманитарна криза, без струја, а водата, храната, горивото и медицинските материјали се при крај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Феудализам на дигитален начин

Следно

Пристигнати 60.000 дози вакцини против сезонски грип, неделава почнува вакцинацијата

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop