Израел ќе ги зголеми резервните сили за 50.000 за да го прошири геноцидот во Газа

May 26, 2025
1 min read

ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (АА) – Владата на Израел подготвува одлука за зголемување на бројот на резервисти за дополнителни 50.000, со што вкупниот број ќе достигне 450.000, во рамките на напорите за проширување на геноцидната војна во Појасот Газа, објавија израелските медиуми, пренесува Анадолу.

„Владата денес ќе ја одобри оваа одлука во Давидов град, денешен Ерусалим, со која се зголемува горната граница за регрутирање резервисти во израелската армија, како дел од операцијата ‘Гидеонови кочии’“, објави весникот„ Једиот Ахронот“.

„Квотата, која моментно изнесува 400.000 резервисти, ќе се зголеми на 450.000 и ќе важи до 31 август 2025 година.“

Весникот наведува дека ова зголемување ќе овозможи продолжување на ангажманот на резервистите што веќе се во активна служба и потребни се за тековните борбени операции и други активности сè до нивното ослободување од служба.

Израелски активисти ја осудија оваа најава, повикувајќи на оставка на Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

„Бараме крај на војната на Нетанјаху, која ѝ служи на Владата составена од религиозни дезертери“, изјави Ајелет Хашахар Саидоф, една од основачките на групата Мајки на првата линија.

Претходно израелските медиуми објавија дека пред повеќе од една недела армијата веќе почнала да повикува десетици илјади резервисти за учество во тековната војна во Газа.

Кабинетот за безбедност на Израел на 4 мај ја одобри операцијата „Гидеонови кочии“, која вклучува целосна евакуација на Северна Газа и окупација на територии во енклавата.

Израелската армија, игнорирајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, спроведува брутална офанзива во Појасот Газа од октомври 2023 година, при што, според податоците, се убиени речиси 54.000 Палестинци, повеќето жени и деца.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со постапка за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за злосторствата против цивилното население во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УЈП со важна информација за даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност

Следно

Претседателот на Интер: Второ финале во Лигата на шампионите за три години – тоа е нешто извонредно

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop