Израел ја отфрли резолуцијата на ОН со која се повикува на прекин на огнот во Газа

December 14, 2023
1 min read

АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Израел ја отфрли резолуцијата на Обединетите нации (ОН) со која се повикува на прекин на огнот во Појасот Газа, тврдејќи дека од тоа ќе има корист само палестинската група Хамас, јавува Анадолу.

„Прекин на огнот може да се постигне само откако Хамас ќе биде поразен“, рече Офир Генделман, портпарол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, отфрлајќи ја резолуцијата на ОН со која се бара прекин на огнот од Тел Авив.

Генералното собрание на ОН денес усвои резолуција со која се повикува на „итна хуманитарна пауза“ во Појасот Газа.

Барањето следуваше по седумдневната хуманитарна пауза во која израелските и палестинските фракции разменија затвореници.

Генделман рече дека во овој момент Израел нема да дозволи прекин на огнот во Појасот Газа.

„Повикувањето за прекин на огнот сега му служи само на Хамас, на кој очајно му се потребни пауза и шанса да се реорганизира“, тврди Генделман, игнорирајќи ги повиците од различни земји за траен прекин на огнот.

Израел го бомбардира Појасот Газа од воздух и од земја, воведе опсада и започна копнена офанзива како одмазда за прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Оттогаш, според здравствените власти во Газа, во израелските напади загинале најмалку 18.608 Палестинци, а 50.594 се повредени.

Според официјални податоци, во нападот на Хамас во Израел загинале 1.200 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дваесет украдени икони од македонските цркви, од Албанија утре ќе пристигнат во земјава

Следно

Европски престолнини на културата за 2028 година – Скопје, Ческе Будјејовице и Бурж

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,
Go toTop