Израел ја нарече „подла“ резолуцијата на ОН за прекин на огнот во Газа

October 28, 2023
1 min read

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен денес ја нарече „подла“ резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) со која се бара хуманитарно примирје во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Генералното собрание на ОН вчера ја усвои резолуцијата која повикува на итно „трајно и одржливо хуманитарно примирје“ во Газа.

„Ние целосно го отфрламе подлиот повик на Генералното собрание на ОН за прекин на огнот“, напиша Коен на платформата X.

„Израел има намера да го елиминира Хамас исто како што светот се справи со нацистите и ИСИС [ДЕАШ]“, додаде тој.

Израелската армија синоќа ги прошири и интензивира своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдни воздушни напади по прекуграничниот напад на Хамас на израелска територија на 7 октомври.

Резолуцијата, која беше презентирана од речиси 50 држави, меѓу кои и Туркије, Палестина, Египет, Јордан, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), беше усвоена од 120 држави, наспроти 14 кои беа против, додека 45 држави беа воздржани.

Усвоена на 10-тата Специјална сесија за вонредни состојби за ситуацијата на окупираните палестински територии, во Нацрт-резолуцијата се изразува голема загриженост поради последната ескалација на насилството, по нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври.

Резолуцијата ги осуди „сите акти на насилство врз палестинските и израелските цивили, вклучително и сите акти на терор и неселективни напади, како и сите акти на провокации и разорување“.

Исто така, побара „сите страни веднаш и целосно да ги почитуваат своите обврски во рамките на меѓународното право“.

Резолуцијата ја нагласува важноста од „спречувањето на понатамошната дестабилизација и ескалација на насилството во регионот“.

Конфликтот започна на 7 октомври кога палестинската група Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“ – ненадеен повеќестран напад со бараж ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух. Хамас истакна дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата Ал Акса и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Израелската војска потоа започна немилосрдно бомбардирање на позиции на Хамас во Појасот Газа. Кампањата се интензивира синоќа, откако војската соопшти дека ги проширува операциите на воздушните и копнените операции на територијата. Исто така, го прекина интернетот и комуникациите во енклавата под опсада.

Најмалку 7.326 Палестинци загинаа во израелските напади. Според официјалните податоци, околу 70 отсто од палестинските жртви се жени и деца.

Бројот на загинати во Израел изнесува над 1.400.

2,3 милиони жители на Газа се борат со недостиг на храна, вода и лекови поради масовното воздушно бомбардирање на Израел и целосната блокада на енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дино Имери одржа концерт за паметење во Лондон

Следно

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа порасна на 7.703

Latest from Blog

По речиси 90 години, Галуп веќе не ја мери поддршката за американските претседатели

„Галуп“, пионер во анкетите за поддршка на претседателите во Соединетите Американски Држави од 1930-тите, го менува својот фокус поради растечките закани од сегашниот претседател Доналд Трамп против анкетарите кои објавуваат неповолни резултати.

Викендов врнежи од дожд и заладување

Променливото време продолжува да доминира низ Македонија. Според најновите метеоролошки податоци, претстојниот викенд ќе донесе дестабилизација, врнежи од дожд и забележително заладување. Врнежи: Се очекуваат локални врнежи од дожд, кои на места

Корубин: Системски се губат критериумите поради кои Охрид е ставен на листата на заштитени подрачја

Ние во основа ги губиме, да не кажам дека ги изгубивме, причините поради кои Охрид и Охридскиот регион, тоа денеска се три општини – Охрид, Струга и Дебрца, огромна територија, се ставени

Кикс на Арсенал кај Брентфорд, сега Сити е само на -4!

ФОТО:facebook.com/brentfordfootballclub1889/ Арсенал не успеа да победи на гостувањето кај Брентфорд, бидејќи одигра само 1:1 во 26-то коло од Премиер лигата, намалувајќи ја својата предност во однос на второпласираниот Манчестер Сити на само

Касами најави нова фаза во ВЛЕН по распуштањето на партиското раководство на БЕСА

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови донесе одлука за распуштање на Централното претседателство на партијата, во рамки на процесот за спојување на коалицијата ВЛЕН во еден политички субјект. Претседателот на
Go toTop