Израел изврши напад во јужен Либан со фосфорни бомби

January 8, 2024
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – Израелската армија денес изврши напади на неколку области во јужен Либан со фосфорни бомби, објавија државните медиуми, пренесува Анадолу.

Нападите беа насочени кон ридот Ал-Аваида меѓу градовите Одаисе и Кфаркела во јужен Либан, објави либанската новинска агенција ННА.

Израелски дрон таргетирал автомобил со наведувана ракета на патниот правец Дабшех во Хирбет Салим во областа Бинт Џбеил, јужен Либан, пренесе Агенцијата.

Во нападот, кој предизвикал опожарување на автомобилот и негово излетување од патот, има повредени.

Според Агенцијата, израелските воени авиони летале на ниска височина над селата во западните и централните региони на границите, придружени со извидувачки авиони.

Израелски борбени авиони извршиле и интензивни воздушни напади кон предградијата на градот Халет Варда во близина на пограничниот град Ајта Шааб.

Авионите ја нападнале и областа меѓу градовите Марвахин и Блат во јужен Либан.

Израел и Хезболах разменуваат оган долж заедничката граница по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

3 доручеци за 5 минути: Идеи за добро утро со кои полесно ќе се соочите со враќањето во реалниот свет по празниците

Следно

Спасувачите во Словенија ги извлекоа сите пет лица кои беа заробени во пештера

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop