Израел им понуди на жителите од Газа финансиска награда во замена за информации за заложниците

October 24, 2023
1 min read

КУДС (АА) – Израелската Армија понуди финансиски награди за Палестинците кои ќе споделат информации за тоа каде се заложниците што ги држи Хамас во Газа, јавува Анадолу.

„Доколку сакате подобра иднина за вас и вашите деца, преземете акција и обезбедете ни солидни и корисни информации што е можно поскоро во врска со заложниците во вашата област“, пишуваше во летоците што израелската Армија ги фрли во Газа.

„Израелската Армија ве уверува дека ќе вложи максимални напори за да ви обезбеди сигурност вам и на вашиот дом, како и финансиска награда“, се вели во летоците.

„Ви гарантираме целосна доверливост“, рекоа тие, обезбедувајќи мобилен број каде што може да се испраќаат информации.

Израелската Армија вчера соопшти дека 222 заложници се задржани од Хамас во Појасот Газа.

Конфликтот во Газа, која е под израелско бомбардирање и блокада од 7 октомври, започна кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, повеќестран ненадеен напад со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел по копно, море и воздух. Се наведува дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Потоа израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ кон позициите на Хамас во Појасот Газа.

Во конфликтот загинаа повеќе од 7.100 луѓе, меѓу кои најмалку 5.791 Палестинец и 1.400 Израелци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мнозинството граѓани сакаат државата да стане членка на ЕУ, но не веруваат дека тоа ќе се случи, а Бугарија ја сметаат за најголема закана

Следно

Израелката ослободена од Појасот Газа била затворена во тунел

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,
Go toTop